По Извештајот на Светска банка минатат недела, денеска и Меѓународниот монетарен фонд од Вашингтон со загрижувачки прогнози за македонската економија.
Годинава, како што пренесува ТВ Сител, растот ќе изнесува само 2,5%, инфлацијата 3%, со ризик да биде повисока, поради зголемените плати во јавниот сектор и повисокиот минималец. Минусот во државаната каса надмина 5%, а обврската за изградба на автопатите и повисоките плати на административците прават дополнителни притисоци врз буџетот.
– Новите стратешки инвестиции во енергитиката наметнаа нова давачка, која може да го зголеми фискалниот ризик, заедно со загарантиираните обврски за купување струја, објави ММФ.
Разочара наплата од ДДВ, приливите од акцизи се помали од планираните, а трансферите од буџетот поголеми од плановите. Затоа , според ММФ предизвик за новата Влада ќе биде фискалната консолидација.
– Јавниот долг го прекрши воведеното правило и надмина 62%, од БДП, а има и заостанати неплатени обврски кои се уште се високи , со ризик уште повеќе да се зголемат. Монетарното затегнување помогна да се задржи нивото на се уште високата инфлација, при намалени увозни ценовни притисоци од храната и енергијата. Зголемените камати го забавија темпото кај приватниот сектор. Зајакнување на одржливоста, зголемување на продуктивноста и структуните реформи ќе бидат клучни за поголем раст, при зголемена несигурност и ранливост, објавува ММФ.
Извор: ТВ Сител