Цените на енергијата, кои се зголемија во последните денови, најверојатно ќе останат високи во наредните месеци, но ќе почнат да паѓаат на почетокот на следната година, изјави главниот економист на ММФ, Гита Гопинат.
-Иако цените на енергијата ќе растат во следните неколку месеци, очекуваме да паднат до крајот на првиот квартал следната година и во вториот квартал, рече таа.
– Откако ќе завршат зимските месеци, ќе бидеме во подобра позиција. Очекуваме тие да се вратат надолу, додаде Гопинат.