Директорката на Меѓународниот монетарен фонд Кристалина Георгиева изрази очекувања за послабо закрепнување и повеќе ризици за светската економија.
Според неа, тоа се должи на забавувањето на економиите на САД и Кина, но и на Омикрон варијантата на коронавирусот. Овие процеси имаат влијание врз инфлацијата и долговите.
Се предвидува дека инфлацијата во САД ќе се намали во вториот квартал од годината, благодарение на премостувањето на ограничувањата во синџирот на снабдување, пренесува БГНЕС.
– Би сакала да имам пооптимистична перспектива на почетокот на годината. Но, реалноста е дека гледаме послаб моментум на закрепнување и поголема неизвесност, повеќе ризици во 2022 година. Од аспект на Фондот, на крајот на претходната година бевме загрижени дека закрепнувањето слабее. Зошто? Бидејќи двата главни двигатели на светската економија, САД и Кина, се забавија во споредба со летните прогнози. И сега го имаме Омикрон, објасни Кристалина Георгиева.