На фудбалскиот стадион во Драч, во парковите, пред железничката, во центарот на градот и уште на неколку други точки граѓаните на Драч од страв од нов земјотрес ноќта ќе ја поминат под отворено небо.
Кај фудбалскиот стадион насобраните граѓани со нивните семејства, каде што има и многу деца, бараат да се вклучат светлата и да преноќат таму.
Моменталната температура во Драч е 18 степени, а ноќва се очекува да се спушти до 15 степени.
И во други албански градови, граѓаните ќе преноќат надвор од своите домови.
Инаку, по двата силни земјотреси и третиот со 4,4 степени, регистрирани се уште седум земјотреси, од кои последните со јачина од 3,2 степени.