Двајца убиени, осум повредени во пукање во кафуле во Јужна Каролина, САД

/ 21.09.2019

Две лица се убиени, а осум се повредени кога врз нив бил отворен оган во посетено кафуле во американската држава, Јужна Каролина.

Како што јави, „Си-ен-ен“, повикувајќи се на полициски извори, пукањето се случило во предградието на градот Ланкастер.

Полицијата засега не изнесе никакви детали за мотивите за нападот, а не е познато ниту дали некој е приведен.


Од истата категорија