-Како што Европа не е комплетна без Западниот Балкан, така и медиумската сцена во регионот не би била комплетна без European Western Balkans – секогаш присутни, навремени и фокусирани на работите кои значат – заедничка ЕУ иднина. Честитки за комплетирањето на пет успешни години EWB! Заедно да го зајакнеме трансформативниот процес и да го прославиме комплетирањето на европската приказна на Балканот, колку побрзо, толку подобро, рекол министерот Димитров изразувајќи благодарност за наградата.
Награда на МНР Димитров ќе му биде врачена по завршувањето на работните посети на Париз, Брисел и Берлин, оваа недела.