Полска денеска ја заплени зградата на руската гимназија во Варшава, соопшти полското Министерство за надворешни работи.
„Таа зграда отсега им припаѓа на градските власти на Варшава“, изјави Лукаш Јасина, претставник на министерството по запленувањето од страна на судските извршители во име на градските власти.
Рускиот амбасадор во Полска рече дека тоа е „незаконски чин“ и дека Русија ќе возврати врз основа на „принципот на реципроцитет“.
„Тоа е незаконско дело, упад на дипломатска локација“, изјави рускиот амбасадор во Варшава, Сергеј Андреев.