Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска и утре ќе престојува во Брисел, каде ќе учествува на редовниот состанокот на Северноатлантскиот совет на ниво на шефови на дипломатии.
Како што соопшти МНР, ова е прв состаноко на Советот што ќе се одржи со физичко присуство во седиштето на НАТО, по пауза од една година заради пандемијата со Ковид-19.
– Дисусијата на состанокот е предвидено да вклучи прашања од приоритетен интерес за НАТО, како што се состојбите во Авганистан, влијанието на глобалните геостратешки односи врз безбедноста на евро-атлантската област, како и пошироката регионална стабилност, соопшти Министерството за надворешни работи.
Од МНР додаваат дека министрите за надворешни работи ќе се осврнат и на развојот на агендата во врска со „НАТО 2030“, а се очекува да дадат свои коментари и сугестии во однос на идната геостратешка улога на Алијансата и справувањето со идните безбедносни предизвици, како и да одобрат неколку одлуки во врска со темите што се предмет на дискусија.
– Министерот Османи, ќе биде прв политички претставник од РС Македонија кој физички ќе присуствува на состанок на Северно-атлантскиот совет од зачленувањето на нашата земја во НАТО, во март минатата година, што ќе биде искористено да оствари и неколку билатерални средби со министри за надворешни работи на земји-членки на НАТО и партнери, истакнаа од МНР.