Полицијата изрекла 269 мерки против возачи во Скопје од кои 32 за возење без возачка дозвола, 19 за возење над дозволената брзина и 17 за возење под дејство на алкохол.

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека акциската контрола е спроведена во текот на вчерашниот ден. Изречени се и 14 мерки за технички неисправни возила, 14 за користење на мобилен телефон, 21 за некористење на сигурносен појас, 6 за непрописно престројување и 62 санкции за непрописно паркирање.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, најавуваат од МВР, апелирајќи до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел да се зголеми безбедноста во сообраќајот.