САД имаа „продуктивни“ преговори со Кина посветени на меѓусебниот трговски спор, соопшти американскиот министер за финансии Стивен Мнучин, по завршувањето на дводневните кинеско-американски трговски преговори во Пекинг.
Мнучин на Твитер објави дека заедно со американскиот претставник за трговија Роберт Латизер имале „продуктивни средби со кинескиот вицепремиер Лиу Хе“, кој во Владата на Кина е задолжен за индустрија, транспорт, банки, човечки ресурси и социјална заштита.
Ова е прво официјално соопштение за резулатите од дводневната средба, што беше организирана со надеж дека двете најголеми економии во светот ќе покажат добра волја за спречување на ексалацијата на царинската војна.
Средбата беше одржана откако американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ако преговорите „завршат добро“, тој би можел да го продолжи крајниот рок – 1 март, што и го постави на Кина за да „направи значителни отстапки во трговијата“.
Економскиот советник на Трамп, Лари Кудлоу, пак, изјави дека подготвеноста на Кина да се сретне со американски претставници претставува „многу добар знак“, додавјаќи дека на раговорите имало „добри вибрации“.