Најдобриот светски фудбалер во изборот на ФИФА и УЕФА, Лука Модриќ ќе го продолжи договорот со Реал до 2021 година, пренесува „Марка“.
Двете страни постигнаа договор според кој се става точка на шпекулациите дека хрватскиот фудбалер ќе премине во Интер.
Модриќ, врз основа на новата соработка, ќе остане во редовите на актуелниот шампион во Европа до неговата 36-та година и планира да ја заврши кариерата на „Сантијаго Бернабеу“.
Модриќ на неколку наврати јавно изрази незадоволство бидејќи не му е понуден нов договор, а клубот ги сопре нападите на Интер ова лето, каде што Модриќ имал желба да игра, но сега раководството реши да го награди.
Капитенот на хрватската репрезентација, со која го освои второто место на Мундијалот во Русија, откако дојде во Реал од Тотенхем во 2012 година даде голем придонес во освојувањето на четири трофеи на Лигата на шампионите