Арсенал се пласираше во осминафиналето на Лига Европа, откако постигна успех со 3:0 над белорускиот БАТЕ Борисов во реваншот помеѓу двата тима на „Емирати“ во Лондон.

На овој начин, лондонскиот тим ја избриша негативата од еден погодок од првата средба и со вкупен резултат од двата натпревари 3:1 во своја полза продолжува напред.

Месут Озил се врати меѓу стартерите, иако се очекуваше Унаи Емери воопшто да не смета на него во наредните натпревари.

Волков си постигна автогол во 4-тата минута, а во 38-та Мустафи удвои за „топџиите“. Конечниот резултат беше оформен од резервата Сократис во 60-тата минута.

Еден од фаворитите за трофејот во Лига Европа, Челзи исто се пласираше со леснотија за осминафиналето по вториот успех против Малме.

Овој пат момците на Маурицио Сари победија со 3:0 дома и со вкупен резултат 5:1 ги отстранија Швеѓаните.

И трите погодоци на „Стемфорд Бриџ“ паднаа после паузата по прецизни удари на Оливие Жиру (55), Рос Баркли (74) и Калум Хадсон-Одој (84).

Резултати од Лига Европа:

Арсенал – Бате Борисов 3:0
Динамо Загреб – Викторија Плзен 3:0
Ајнтрахт Франкфурт – Шахтјар Доњецк 4:1
Наполи – Цирих 2:0
Салцбург – Бриж 4:0
Валенсија – Селтик 1:0
Виљареал – Спортинг Лисабон 1:1
Зенит – Фенербахче 3:1
Баер Леверкузен – Краснодар 1:1
Бенфика – Галатасарај 0:0
Челзи – Малме 3:0
Динамо Киев – Олимпијакос 1:0
Генк – Славија Прага 1:4
Интер – Рапид Виена 4:0
Бетис – Рен 1:3.вз