Високата претставничка на ЕУ, Федерика Могерини денес попладне се сретна со министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров. Во кусото соопштение од нејзиниот кабинет се наведува дека таа се сретнала со Димитров „за да се информира за значителниот напредок во тековните преговори за името“.
На средбата Могерини ја искажала поддршката на ЕУ за сегашната работа која е во тек како и подготвеност да се поддржи евентуален позитивен исход кој ќе биде клучен не само за земјата, туку за целиот регион и за Европската унија.
Потоа Могерини замина на состанок со шефовите на европските диломатии каде, според соопштението, таа се обратила со зборовите дека иако Македоnија денес не е на дневен ред, во фокусот е Иран, „сите сме охрабрени од напредокот во преговорите меѓу Скопје и Атина“.
„Сите ќе работиме и ќе поддржиме, се надевам, позитивен исход за овие важни преговори“, се наведува во соопштението од кабинетот на високата претставничка Могерини.