Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Дејвид Мојс остро ја критикуваше трансфер политиката на клубот од заминувањето на Сер Алекс Фергусон во 2013 година. Оттогаш, Мојс, Луис ван Гал и Жозе Мурињо потрошија околу 700 милиони фунти, но сите оттогаш се отпуштени.

– Веќе некое време е тешко да се разбере во каков правец се движи Јунајтед. Без разлика дали потпишуваат со играчи заради нивниот маркетинг или за да играат на теренот, не сум баш сигурен. Манчестер јунајтед имаше одлични вредности и класа. Нивните вредности не беа секогаш да ги купуваат најскапите фудбалери, туку да го сторат тоа на свој начин, а тоа беше да се наметнат момчиња од школата и да ги земат најдобрите млади играчи. Имаше понекое sвездено засилување, како Ерик Кантон или некој кој беше привлечен да направи разлика – како Робин ван Перси. Никогаш не помислив дека е клуб кој сметаше дека најважно е да троши пари. Но, ако имаа потреба, можеа да го сторат тоа, изјави Мојс за „Мирор“.