Неколку илјади демонстранти вчера се собрале во молдавскиот главен град Кишињев да бараат обединување на нивната земја со Романија.
Демонстрантите носеле романски знамиња и транспаренти со кои повикувале Бесарабија, како што е старото име на Молдавија, да се спои со Романија. Собирот се организирал на стогодишнината од обединувањето на Романија и Молдавија по Првата светска војна. На собирот учествувале и политичари од Романија.