Подготовка: Денешен.мк

Вчера, министерот за здравство Венко Филипче изјави имунитетот стекнат со вакцинација и ревакцинација е подобар отколку со прележување.

-Колективен имунитет се стекнува само со вакцинација и докажано е дека е потраен од оној стекнат со прележување на болеста. Битно е и тоа што со вакцинацијата ќе покажеме дека водиме сметка и за другите земји, изјави Филипче.

На овој став на Филипче засега нема реакции од експертските и лекарски кругови во Македонија, кои се зафатени со плукање и пресметка со оние кои учествуваа на протестот против рестриктивните мерки во неделата.

Но, еве што за овој став на Филипче вели Министерството за здравство на Израел, земја која има 60 отсто вакцинирани од вкупното населени.

Според Израелците, пациентите со коронавирус кои закрепнале од вирусот имале многу помали шанси да се заразат за време на последниот бран на пандемијата отколку луѓето кои биле вакцинирани против КОВИД, според бројките презентирани од израелското Министерство за здравство, пренесува Israelnationalnews.com.

Податоците на Министерството за здравство за бранот на КОВИД што започна овој мај, покажуваат дека Израелците со имунитет од природна инфекција имале многу помали шанси повторно да се заразат во споредба со Израелците кои имале имунитет само преку вакцинација.

Повеќе од 7.700 нови случаи на вирус се откриени за време на најновиот бран што започна во мај, но само 72 од потврдените случаи биле пријавени кај луѓе за кои се знаело дека биле заразени претходно – односно помалку од 1 отсто од новиот случаи.

Наспроти тоа, околу 40 отсто од новите случаи – или повеќе од 3.000 пациенти – биле луѓе кои биле заразени и покрај тоа што биле вакцинирани.

Од вкупно 835.792 Израелци за кои се знае дека се опоравиле од вирусот, 72 случаи на реинфекција изнесуваат 0,0086% од луѓето кои веќе биле заразени со КОВИД. Спротивно на тоа, Израелците кои биле вакцинирани имаа 6,72 пати поголема веројатност да се заразат по вакцината отколку по природна инфекција, при што над 3.000 од 5.193.499, или 0.0578 отсто од Израелците кои беа вакцинирани, се заразија во последниот бран. Според извештајот на Канал 13, диспаритетот ги збуни и подели експертите од Министерството за здравство, при што некои велат дека податоците го докажуваат повисокото ниво на имунитет обезбедено од природна инфекција наспроти вакцинацијата, додека други останале неубедени, пренесува израелскиот медиум.

Се разбира, тоа не значи дека е подобро да се заразите и да ризикувате тешка болест, отколку да се вакцинирате, но ова е мошне битно во однос на тоа дали вакцините треба да се трошат на тие кои ја прележале болеста и имаат антитела (кои ги утврдуваат на сопствен трошок, зашто државата не е заинтересирана за овој податок) или таа група на луѓе да се остави последна.