Владата го игнорира барањето на Советот на Европа за поништување на амнестијата за Хашките случаи и отповикување на амнестијата.
Испратено од Комесарката за човекови права Дуња Мијатовиќ до сега екс премиерот Димитар Ковачевски на 15 јануари, се препорачуваат конкретни чекори за справување со минтатото.
„Да се отповика автентичното толкување во 2012 година на Законот за амнестија од 2002 година и да се истражат досиејата кои што беа трансферирани од Хашкиот трибунал на домашните судови“…е првата препорака на Советот на Европа, но техничкиот премиер на новинарско прашање за барањето на Мијатовиќ кратко одговори дека:
„Тоа прашање е регулирано со закон и е потврдено со одлуки на Уставниот суд.“
Станува збор за четири случаи кои произлегоа од седуммесечниот воорушен судир меѓу македонските безбедносни сили и албанските сили на т.н ОНА во 2001 – „Водство на ОНА“, „Непроштено“ , „Липковска брана“ и „Мавровски работници“. Хашкиот трибунал му ги врати на македонското обвинителство во 2009 но постапувањето по нив запре врз основа на автентичното толкување на Законот за амнестија, што го направи Собранието по коалицискиот договор меѓу Груевски и Ахмети во 2011 година, иако меѓуанродното право не познава амнестија на воените злосторства. Сепак адвокатот Ванчо Шехтански, кој ги застапуваше смејствата од случајот Непроштено, смета дека комесарката Мијатовиќ се обратила на погрешна адреса.
„Обвинителството требаше да поведе или обвинителен акт или да донесе решение за затворање на овие предмети. Меѓутоа тоа не постапило ни тогаш ни до ден денеска. Автентичното толкување, кое не е потпишано од тогашниот премиер, е кршење на меѓународното право. Писмото е на погрешна адреса, бидејќи обвинителството не е обврзано да постапува по автентично толкување на Собранието.“
Единствен од хашките случаи кој заврши во судница беше Мавровски работници со обвинети вкупно 22 поранешни припадници на ОНА, за киднапирање и измачување на седум македонски градежни работници во 2001 година. Но по контроверзната амнестија, судот ја запре постапката.
Дали сегашното писмо на Мијатовиќ, може повторно да ги отвори слуачаите останува неизвесно, но според информациите на Канал 5, таа за ова наскоро ќе ја посети Макеоднија..