СДС и Филипче не се оградија од Тричковски, рече на денешната прес-конференција Викторија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.

Перјаниците на СДС повикуваат на смрт и парчосување на телото на претседателот Мицкоски, a Венко Филипче наместо да се дистанцира и да ги осуди молчи. Бранко Тричковски, кој со години на социјалните мрежи и во јавниот дискурс го кажува тоа што СДС го мислел во коментар на фејсбук напиша: „Најголем предизборен штос би направиле кога во куферот би го напикале распарчаното тело на Христијан”. СДС и Венко Филипче не можат да се амнестираат за Тричковски, тие со години го храбрат и му даваат простор во медиумскиот етер преку портали блиски до нив. Со години СДС и другите нивни перјаници се здружуваат околу Бранко Тричковски и неговите канибалистички и морбидни тези. Лудилото на СДС нема граници. Грозоморно е како СДС преку нивните перјаници ликува и се сити и повикува на смрт и парчосување на претседателот Мицкоски. Грозоморно е како во недостаток на идеи и проекти, се што знае СДС е да прави тензии во општеството, истакна Андоновска.

СДС и нивните перјаници се прочитани, а Венко Филипче ако не излезе денес и не се дистанцира и да го осуди Бранко Тричковски, ќе сметаме дека тој е директен мотиватор на ваквиот говор, додава Андоновска.