Момче од Куманово денеска е пронајдено мртво откако заедно со друга група на момчиња се возеле на педалинка во Охридско Езеро.
Дознаваме дека момчето паднало од педалинката, а по пребарување од страна на полицијата, безживотното тело на момчето било пронајдено.
Надлежните служби ги истражуваат причините за несреќата. СВР Охрид ја потврди информацијата и најави подетални информации.
И покрај обидите за реанимација, спасувачките екипи и полицијата не успеале да го спасат момчето.