Рајан Севиж, 13-годишно момче од Билингем (округот Дарам, Англија) имал само три години кога лекарите откриле дека тој има невробластом во завршна фаза, редок карцином кај бебиња и мали деца што се развива во нервно ткиво. За детето рекле ќе живее максимум уште два месеца.

Туморот го обвиткл рбетот на Рајан, а шансите да прежее биле само пет проценти.

Откако му била поставена дијагнозата, Рајан бил подложен на исцрпна хемотерапија, а потоа му била извршена операција, со која му биле отстранет поголем дел од туморот. Потоа, болеста се повлекла, но две години подоцна, откриен му е нов тумор во градите. Лекарот им рекол на родителите дека тоа е „најтешкиот случај што го видел досега“.

Храброто момче и овој пат се борело со болеста. Со години било подложно на хемотерапија и повеќепати било оперирано пред мајката на Рајан, Лиза, таткото Тим и сестрата Ени, да бидат известени дека болеста се повлекла.

„Со оглед на тоа што го мина Рајан, срцето ме боли на помислата на сите тие деца кои се борат со невробластом овој Божиќ“, вели Лиза.

– Малите деца не заслужуваа да бидат лишени од скапоцениот период од најраното детство, ниту пак над глава постојано да им виси дека болеста ќе се врати. Но, потребни се повеќе истражувања за да се спречат децата да страдаат како што страдаше Рајан – додава мајката.

Затоа Рајан учествува во божиќната кампања „Неуробластом“ во Велика Британија, а семејството се надева дека неговата приказна ќе помогне да се соберат многу средства потребни за истражување на рак кај деца и да им се помогне на другите деца кои се соочуваат со тешка борба.

-Ова ќе биде 10-тиот Божик што ќе го поминеме со Рајан, а порано не верував дека такво нешто ќе биде можно. Секој Божик е скапоцен потсетник за нас дека помина уште една година откако Рајан двапати се справи со оваа ужасна болест. Мојот син е мојот херој, мојот борец и инспирација – вели мајката Лиза.