Европа мора да биде силна во воена смисла, изјави денеска полскиот премиер Матеуш Моравиецки на заедничката прес-конференција со германската канцеларка Ангела Меркел.
– Јас сум за тоа Европа да биде силна од воена гледна точка, така што би имале способност да одвратиме, рече тој.
– Само економски силна и општествено одговорна Европа може да биде силен играч на меѓународната сцена, додаде полскиот премиер, пренесе ТАСС.