Девет од десет возрасни лица во Република Ирска се целосно вакцинирани, објави ирската здравствена служба.

До вчера, повеќе од 7 милиони возрасни возрасни лица беа вакцинирани во Ирска, пренесува Би -Би -Си.

Премиерот на Ирска, Мајкл Мартин, рече дека достигнувањето на 90% од вакцинираната возрасна популација и примени над  7 милиони вакцини се „две големи пресвртници“. Вакцинацијата продолжува, а сега на ред се децата на возраст над 12 години.

Во петокот, извршниот директор на Ирската здравствена служба (ХСЕ), Пол Рид, рече дека бројот на хоспитализирани се намалува во таа земја.

Рид напиша на Твитер дека, иако бројот на позитиви на коронавирусот е намален, во училиштата степенот на заразени е висок.

Во моментов во Ирска хоспитализирани се 329 лица со Ковид-19, од кои 54 се на интензивна нега.

Ирската влада изготви план за укинување на речиси сите преостанати епидемиолошки мерки до 22 октомври. Националниот советодавен комитет за имунизација (НИАК) препорача вакцинација од трета доза за лица над 80 и над 65 години кои живеат во старечки домови.