Членови на Комисијата за изгубени бебиња во Србија во Општата болница во Кралево пронашле тела на 13 бебиња во замрзнувач.

Заменикот управник на болницата Драган Каљевиќ вели дека станува збор за бебиња кои родителите не сакале да ги преземат и да ги погребат, а болницата немала ниту место ниту дозвола, па ги чувале во замрзнувач.

Станува збор, вели тој, за мртвородени бебиња кои три години се во замрзнувач, а кои болницата не ги погребала бидејќи требало да чека да ги испочитува процедурите. Се чекало Градот да донесе одлука за тоа кога да бидат погребани.

Одлуката неодамна била донесена, па се очекува бебињата да бидат погребани.

Градоначалникот на Кралево, Предраг Терзиќ тврди дека Градот до лани не бил надлежен за погребување на мртво новороденќиња.

– Тоа се мртвородени бебиња кои се уште не сме ги погребале, бидејќи нема каде да ги погребиме. Ништо не е откриено, бидејќи тоа не го ни криевме. Тие бебиња се на патологија, како што наложуваат сите прописи, вели Каљевиќ.

Тој објаснува и тоа дека се работи за бебиња кои родителите не сакале да ги преземат и да ги погребат, што според законот не биле должни да го сторат, пишува Телеграф.

Во процедура е, вели тој, формирање на комисија која ќе одлучува за местото каде во иднина ќе бидат погребувани мртвите бебиња во Кралево.