Жена во Јужноафриканската Република е префрлена на лекување во болница, откако претходно било откриена жива во мртовечница.

Таа била донесена во мртовечница во градот Карлетонвил, во провинцијата Гаутенг, бидејќи од страна на медицински тим на брзата помош била прогласена за мртва по собраќајна несреќа.

Според тимот на брзата помош, жената не давала знаци на живот, меѓутоа еден од вработените во мртовечницата по извесно време забележал дека таа дише.

Локалните власти го потврдија случајот и соопштија дека жената е хоспитализирана откако било oткриено дека е жива.

Ова не е прв случај луѓе да се разбудат во мртовечница, откако претходно биле прогласени за мртви.

Во јануари во Шпанија затвореник се разбуди непосредно пред аутопсијата, иако од страна на тројца доктори претходно бил прогласен за мртов.