Австралија денеска соопшти дека нејзините граѓани не треба да ја напуштаат земјата за да запре пандемијата од коронавирус, пренесоа светските агенции.
Премиерот Скот Морисон на прес конференција соопшти дека мерката ќе важи речиси шест месеци.
-Ако го забавиме ширењето ќе спасиме животи. Не сме виделе вакво нешто во Австралија од завршувањето на Првата светска војна, изјави австралискиот премиер.
Владата забрани и собири на затворено со учество на над 100 лица, јавија агенциите.
Во Австралија се регистрирани над 450 случаи на заразени со коронавирус, а досега починаа шест лица.
Австралиската авиокомпанија „Квантас“ соопшпти дека за 90 проценти ги намалува своите меѓународни летови заради значителниот пад на побарувачката и новите ограничувања за влез, воведени од многу земји, како мерка против коронавирусот.
Другата голема авиокомпанија „Вирџин Австралија” целосно ги укина своите меѓународни летови.