Руската амбасада во Подгорица испрати нота до Министерството за надворешни работи на Црна Гора со молба да го интензивира обезбедувањето на зградата на Амбасадата, при евентуални провокации на 19 февруари, кога е планирана манифестација во знак на поддршка на Украина.

Додека Радио телевизија Црна Гора објави дека Амбасадата на Русија побарала да се разгледа можноста за забрана на собирот на 19 февруари.

Претходно, руската новинска агенција ТАСС објави дека портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова на Телеграм објави дека украинскиот конзул во Подгорица, Михаило Шматов на Фејсбук објави „Русија мора да биде уништена“, но по неколку часа ја отстранил објавата.

Шматов објави и дека на 19 февруари во 12 часот во Подгорица ќе се организира „Марш на единството“ и ги повика граѓаните на Црна Гора во што поголем број да ја поддржат Украина.