Москва и Пекинг се договорија за изградба на уште четири нуклеарни постројки во Кина, кои ќе ги проектира Русија, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин на меѓународниот економски форум во Санкт Петерсбург.
– Во Кина се изградени четири нуклеарни електрани Тианван со учество на Русија, изјави Путин пред учесниците на руско-кинескиот форум.
Тој додаде дека се постигнати договори за изградба на уште неколку нуклеарни постројки во Русија.
Путин, исто така, ја потенцираше растечката билатерална соработка на полето на научните истражувања.