Министрите за одбрана на Русија и на Венецуела, Сергеј Шојгу и Владимир Падрио синоќа во Москва разговараа за билатералната воена и воено-техничка соработка.
Шојгу на средбата ги поздрави напорите на Венецуела „во спротивставувањето на обидите на САД да ја соборат Владата во Каракас“ додавајќи оти венецуелската армија служи како гарант на територијалниот интегритет на земјата.
Падрио вети дека Венецуела ќе се спротивстави на притисокот на САД и на тоа што го опиша како „јасно кршење на меѓународното право“.
Русија го поддржува претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, додека САД и десетици држави го поддржуваат лидерот на опозицијата Хуан Гуаидо.
Венецуела со месеци е во длабока политичка, но и економска криза, што е влошена и си американските финансиски санкции.