Шпанскиот возач Марк Маркес ја освои годинешната Голема награда на Каталонија, со што уште повеќе ја зацврсти својата лидерска позиција во МотоГП светскотото првенство.
Сепак денешната победа на Маркес, со која Шпанецот освои 25 лесни бодови, остана во сенка на инцидентот кој го предизвика неговиот сонародник Хорхе Лоренцо, кој влезе пребрзо на 10 кривина соборувајќи дури три возачи.
Тројцата возачи кои поради инцидентот пред време ја завршија трката во Барселона се Маверик Вињалес, Андреа Довичиозо кој водеше во трката во моментот кога беше соборен, како и иконата на мотоспортот Валентино Роси.
Второто место го освои Квартаро кој првпат во кариерата успеа да си искачи на победничкиот трон, а трето му припадна на Петручи.
Инаку, поради голем број на инциденти само 13 возачи ја извозија до крај годинешната трка на Каталонија.