Киран Трипиер ќе биде на мета на италијанскиот шампион доколку нивниот десен бек Жоа Кансело одлучи да ја напушти Старата дама во овој преоден рок.

Во Јувентус веруваат дека бекот на Тотенхем е дури и подобар од Кансело и дека можат да го донесат во Торино за 33 милиони евра.

Трипиер годинава немаше најдобра сезона во Тотенхем, а Спурси планираат годинава да потрошат пари на засилувања, па 30 милиони евра од трансферот на нивниот бек ќе бидат добродојдени за таа намена.

Инаку, ваквата комбинација би дошла во предвид само доколку се остварат најавите дека португалецот Кансело ова лето би можел да замине во Манчестер сити за 50 милиони евра.