Ѕвездата на Сенегал и играч на Ливерпул, Сади Мане е суспендиран поради жолти картони, така што ќе го пропушти првиот натпревар од Африкансиот куп на нациите.

Одлуката за суспендирање на Мане е објавена вчера, една недела пред почетокот на африканското фудбалско првенство кое годинава се одржува во Египет.

Сенегал во недела ќе игра против Танзанија без својот најдобар напаѓач, кој веќе следната се очекува да и се приклучи на репрезентацијата на два натпревара против двете останати репрезентации во Групата Ц, Алжир и Кенија.

Инаку, годинешното отворено првенство на африканскиот континент почува во петок, со натпреварот меѓу домаќинот Египет и Зимбабве.