На 12 септември 2026 година, во 12:23 часот, во СВР Битола било пријавено дека на крстосницата меѓу улиците „Солунска“, „Димо Хаџи Попов“ и „Михајло Бојаџиев“ се случила сообраќајна несреќа.
Во несреќата учествувале патничко возило „мерцедес“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.Ќ. (26) од Битола, и мотоцикл со битолски регистарски ознаки, управуван од Т.Л. (22) од село Кравари, Битолско.
По несреќата, возачот на мотоциклот бил пренесен во Клиничката болница во Битола. Таму, од страна на лекар, му биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на СВР Битола.




