Во Мапуто, главниот град на Мозамбик, во петокот е убиен 49-годишниот Алфред Мусица од хрватскиот град Риека. Локалните медиуми пишуваат дека тој бил убиен во заседа.
Според првичните информации од истрагата, двајца белци го пречекале неговиот автомобил и во него испукале повеќе куршуми. Итната служба се обидела да му го спаси животот, но за жал, тој починал пред приемот во болницата, пишува Нови лист.
Убиениот риечанец во Мапуто работел како инженер по електотехника. Тој работел прво во Хараре во Зимбабве, а потоа се преселил во Мозамбик, каде што во последнава деценија живеел со семејството.