Четворицата војници кои беа во хеликоптерот што се урна денеска во кварт во Истанбул загинаа. Тоа го соопшти валијата на Истанбул, Али Јерликаја за турските медиуми.

Тој додаде дека нема цивилни жртви во катастрофата.

Хеликоптерот се урнал додека извршувал принудно слетување. Во истиот реон минатиот месец се урна воен хеликоптер при што загинаа петмина војници.