Белгија, со 747 смртни случаи поради Ковид 19 е прва на неславната топ листа поврзана со вирусот. Вкупно, земјата им 8 656 жртви, но и 11 250 000 населние според пописот од 2016 година.
Не треба да потсетуваме дека главен град на Белгија е Брисел, центарот на ЕУ, па во свеста на луѓето веројатно постои изградено мислење дека се работи за држава која посериозно би можела да одговори на ваков предизвик.
Во Белгија се регистрани 53 081 заразени, а во последните 24 часа има нови 485 случаи, што е тренд на опаѓање, како и во цела Европа, но далеку од сериозна можност да се каже дека се гледа крај на епидемијата. Во последните 24 часа, има 75 смртни случаи.
Инаку, Белгија има направено 48 000 тестови на еден милион жители или вкупно 566 000. Со оглед на 53-те илјади заразени, Белгија не отстапува од трендот да се откриваат околу 10 отсто заразени од тестираните, па затоа останува нејасно зошто оваа земја има повеќе смртни случаи дури и од Италија и Шпанија.
Соседна Холандија има повеќе од двојно помалку смртни случаи – 317 на еден милион – но тоа е се уште 27 пати повеќе од Бугарија, која има 13 смртни случаи на еден милион жители, ито толку и од Грција која има 14 мртви на еден милион, 12 пати повеќе од Србија која има 25 мртви на еден милион жители и 30 пати повеќе од Албанија која има 11 мртви.
Македонија со 45 смртни случаи на еден милион жители, исто така подобро стои од овие држави, иако е лидер меѓу соседите и е во топ листата на Балканот по црни бројки.
Што се однесува до секојдневно споменувата Шведска и неизниот модел кој се повеќе се нарекува „жртвување на старите“, таа според последните податоци има 319 мртви на еден милион жители. Интересно, и Шведска и Холандија имаат приближно еднаков број заразени на еден милион ители и еднаков број тестирани.
Инаку, Шпанија има 569 мртви на еден милион жители, Италија – 505, Велика Британија – 469, Франција – 404, а САД – 243.