Подготвил: Дарко ЈАНЕВСКИ

Д-р Бранимир Нестровиќ е еден од најпознатите и најценетите пулмолози во Србија и член на Кризниот штаб на оваа држава за справување со корона вирусот. На почетокот од епидемијата излезе со изјава дека нема потреба толку да се паничи, но потоа се корегираше. Во овој разговор за една од српските телевизизи, чиј чест гостин е, ја објаснува катастрофата во Шведска која жртвуваше неколку илјади стари лица, објаснува дека на почетокот во Србија имале пациент кој бил позитививен на грип и на корона во исто време, апсолутно е сигурен дека Србија ја имала короната и во јануари (ние ова агодина изброивме 37 000 случаи на грип наспроти 20 000 лани што упатува на тоа дека и кај нас е можно короната д абила присутна порано без Филипче и властите да ја видат), апсолутно е сигурен дека вирусот е создаден во лабароторија, посочува на истражување на Кембриџ кое открива три вида корона вирус од кои Италија ја погодиле два итн. Инаку, смета дека сега треба што поголем дел до населнието да се зарази за да се стекне имунитет, но е мошне сигурен дека нема да има втор бран, па самиот влегува во контрадикторност. Но, податоците што ги изнесува, а дел од нив очигледно ги дознава и во рамки на Кризниот штаб и преку контактите на Штабот со Александар Вучиќ, српскиот претседател, вредат апсолутно внимание. Интервјуто, во кое тој истакнува дека според најновите истражувања, на секој откриен заразан има плус 50 други, а чиј сегмент пренесуваме е од 6 мај:

ВОДИТЕЛКА: Како се случи толкава смртност во Италија?

НЕСТОРОВИЌ: Ним им им се случи да имаат три вируса, два соја на корона и еден грип, од кои овој последниов е најагресивен и тој всушност ги покоси луѓето, иако кај нив бројката е голема зашто тие имаа страшна смртност во домовите за стари луѓе, 30-40 отсто. Тој некој дом со 1 000 луѓе, таму секој трет умре, Тоа сега се случува и во Америка. Да ви кажам, ни една земја тоа не го соопштува – бројките на смртност се поголеми. Многу земји ги намалуваат бројките на смртност, а не ги згоолемуваат, како што се зборува во јавноста. На пример, Франција до скоро не ги броеше тие кои ќе умрат во старски дом. Затоа што не умреле во болница. И не влегуваат во статистика. Тоа го прават и Американците. Во Франција еден ден умреа 854 куѓе во старски домови и тие луѓе не влегоа во статистиката за тој ден, па, да кажеме тој ден имале бројка од  2 500 мртви, а имале всушност 3 50000 мртви.

ВОДИТЕЛКА: Дали и кај нас тие податоци ќе се лажираат?

НЕСТОРОВИЌ: Па, не, не гледам причина за тоа. Ние добро поминавме. Ние овде и не можеме да лажеме, овде сеој зборува…

ВОДИТЕЛКА: Објаснете ми зошто една земја ги лажира бројките, а друга не?

НЕСТОРОВИЌ: Па, еве, замислете ја Хрватска која зависи од туризмот и ако има многу лоши бројки, кој ќе дојде… Или Грција…

ВОДИТЕЛКА: Ама тие се во целосен карантин…?

НЕСТОРОВИЌ: Тие се во карантин од 24 часа. Мислам дека на 11 мај ќе симнат еден дел од ограничувањата. Ова кај нас малку се знае, но тие тоа го направија за да го спасат туризмот. Луѓето сега ќе гледаат каде имало помалку заразени од вирусот за да одат на летување, ако вооошто одат. Но, ако размислуваат да одат, ќе гледаат каде заразата била помала. Така што некои земји ја смалуваа бројакта, некои ја зголемуваа. Во Америка приказната е интересна бидејќи беа обвинувани дека го зголемуваат бројот, запто повеќето болници се приватни, а тие приватни болници кои лечат пациенти со корона наплатуваат 40 отсто повеќе зашто болеста е инфективна, па во некои болници и додавале. Знаете, вирусот е и политика…

ВОДИТЕЛКА: И сега се се вплектка во една војна, ете војна на Трамп против Гејтс…

НЕСТОРОВИЌ: Тоа е сериозна војна…

ВОДИТЕЛКА: Кој ќе победи тука професоре?

НЕСТОРОВИЌ: Името на Бил Гејтс се појавуваше пречесто. Пречесто. Тој е сосоптвеник на таа компанија која го произведува лекот ремдесивир (за ебола, а се препорачува и за корона, н.з ) па е сосопственик на компанија за тестирање, на компанија за вакцина… На Бил Гејтс многу му наштети таа конфеернција на 16 октмври каде симулираа пандемија со корона вирус, настан 201, која ќе тргне од свињи во Латинска Америка, и ќе се рашири низ цел свет и ќе умрат 30 милиони луше. Малу е необично сега кога вие во октомври правите симулација з апандемија која ќе с еслучи вод екеври или февруар.

ВОДИТЕЛКА: Па добро, ама да сакал да прави нешто, немало да ја одржи таа симулација?

НЕСТОРВИЌ: Па не знам. Го читав Вилијам Ендел, за оние нафтени војни и тој вели: „Јас се надевам дека Бил Гејтс е филантроп и дека се грижи за нашето здравје, но пречесто му се појавува името…“. А што се однесува до ова истражувањето од Кембриџ кое го споменав, и според кое има три различни вида вирус, од кои едниот кој се јави во Европа, различни, нема врсак со тој од Кина, тоа ја врати целата приказна за вакцината наназад. Зашто ако ова е целосно нов вирус, овој смртоносниот во Италија и во Шпанија, тоа ја враќа приказната нааназад. Се што досега сме правеле за тој вирус, се враќа на почеток. А Германката од институтот во Германија кои правата вакцина, рече дека нема шанси за вакцина без да помине една година.

ВОДИТЕЛКА: Па добро, како се прави вакцина ако постојат 58, колку рековте – 59 вида корона?

НЕСТОРОВИЌ: Тоа е проблем. Плус и натаму мутира. Тоа беше проблем и со САРС. Кинезите прават вакцина за САРС од 2004. Една е од теориите е дека при тоа им побегнал овој вирус. Тоа го кажа нобеловецот Монтење. Или дека е правена вакцина за ХИВ, па уфрлале секвенци од вирусот ХИВ, во корона вирус кој требало да биде носител. Не знам, тоа ќе биде мошне комлицирано. Во секој случај, тоа пто е вистина е дека еве после 4-5 месеци целата приказна прилично се замати. Не ние, светските авторитети – вече никој не знае од каде тргнал вирусот… знаете тоа е битно за да ја знаеме динамиката. Ако имате три типа на вирус, и мерките се различни. Ние се однесувавме според типот на вирус од Вухан, и испадна добро… Битно ни е и за отворање на границите. Сега сме затворени, мал број на луѓе влегуваат и излегуваат и останавме некој остров со мала смртност и замислете дека сега ќе ги отвориме границите па да ви дојде некој со овој новиот вирус… Тоа е мала веројатност, веднаш да ви кажам, зошто сега ќе дојде лето… Не можеме да останеме затворени. Вчера дискутиравме за ова, па престанавме зашто не зависи само од нас, туку и од другите земји… Е сега се разликуваме по тоа со која динамика треба да се отвораме. Сите велат професијата нека каже. А кажете ми вие дали постои некоја книга каде ова е опишано? Нема. Во ниту една епидемиологија. Ние работевме во од. Ги слушавме Кинезите, Тие ни кажуваа. Рекоа треба се да се затвори и испадна дека биле во право. Но, ова сега е целосно ново. Тоа што ние го знаеме од февриари, тогаш е објавена еден труд, потврден е пред седум дена во Мерлинд, правен е експеримент, па веднаш го напднаа Трамп, на 30 степени, вирусот може да остане 1,5 минута на сонце, до 18 минути во сенка. Според тоа, кога ќе почнат летните жештини, вирусот кај нас нема да го има.

ВОДИТЕЛКА: На плажа…?

НЕСТОРОВИЌ: Некој ме праша дали е сигурно да се капете во море? Па тоа е навистина параноја.

ВОДИТЕЛКА: Па добро, ама опстанува ли вирсуот во вода, еве не во море, ама базен, езеро?

НЕСТОРОВИЌ: Ма не, не функционира тоа на тој начин. Знаете останува таа приказна за некој втор бран, хипотетичен, не знам, знаете јас лично мислам дека нема да го има. Овој Дорстен, главниот епидемиолог во Германија вели нема да има втор бран. Монтењер вели нема да има, Американеот вели нема да има втор бран, Пол Офиот, Америакнец исто вели нема да има Тие се за мене врвни авотитети. Сите велат нема да има…

ВОДИТЕЛКА: Кога ќе одите во театар?

НЕСТОРОВИЌ: Е тоа сакав да го пробуткам. Ама до 1 јуни ништо. Па би сакал, ама знаете како, гледач на секое второ седиште, на крај ќе испадне публика од 50 луѓе… повеќе глумци од публика. Каков театар е тоа? Мислам сега во оваа фаза – за затворен простор – маски и миење раце. Дури и ракавиците се бесмислени. Знаете ракавиците …

ВОДИТЕЛКА: Не разбирам, па и со ракавици ќе го допрете лицетот, носот…

НЕСТОРОВИЌ: Во препораките и ден денес нема ракавици. Тоа во меѓувреме некој го уфрлил. И цел свет го прифати.

А за театарот, преку лето да не прават пауза. Малку луѓе ќе одат на летување, па… Концертот на отворено ќе може… Ќе видиме како ќе се развива ситуацијата. Знаете критериумите за престанок на епидемијата се строги. Потребно е да помине двоен период на инкубација без заразен, па да кажете нема епидемија, Е сега, овде период на инкубација е 14 дена, па двојно тоа е 28, значи треба 28 дена без заразен па да иаме крај… Е сега, ќе има случаи во Бразил, СЗО ќе го гледа тоа, ама ние мислам нема да треба да го чекаме Бразил.

ВОДИТЕЛКА: Дали постои едно нешто за кое сте се излажале во врска со епидемијата, бидејќи ја следите од почетокот на нејзиното појавување во Кина? Значи дали постои нешто за што би сте кажале дека сте се излажале во врска со епидемијата?

НЕСТОРОВИЌ: Па не само јас, сите, згрешивме со респираторите. Се поаѓа од тоа дека кај некои пациенти, тие често имаа белодробни емболии со згрутчување на крвта. Кога почна епидемјата знаете во сите овие земји, Италија итно востановивме дека еден дел од тие пациенти не се за респиратор, дека ним респираторот им прави проблем. Гледате дека Борис Џонсон кажа дека се излечил така што не бил ставен на респиратотр. Лежел на стомак. Тоа не го знаевме. Не знам што се не прочитав за тој вирус, илјадници трудови и сега почнаа тие трудови да стануваат контрадикторни. И точно се гледа тој расцеп кој се јави во СЗО и насекаде во научната заедница. Е сега морам да кажам и нешто што не е популарно за таа научна заедница. Многумина живеат од проекти, сега за корона, и ним би им било добро ова да потрае уште две-три години. И мислам дека тие најави за втор бран, трет бран можеби потекнува и од тој дел на таа научна заедница – да имаат што да работат.