Мајкл Меккормик, историчар и археолог, истражувач на Средниот век, на прашањето која година била најлоша за живот на Земјата, одговара – 536-та!

Значи, ниту 1349 година кога чумата покосила безмалку половина од населението на Европа, ниту 1918-та кога од грип умреле речиси 50 милиони луѓе, ако не и повеќе, туку 536-та.

Меккормик, кој ја раководи „Иницијативата за наука за човечкото минато“, која делува при ханрвардскиот унивезритет, тоа го објаснува на следиот начин:

„536 година била почеток на еден од најлошите периоди за живеење на Земјата. Веројатно најлош. Во тоа време, мистериозна магла цели 18 месеци ги обвиткувала Европа, Блискиот исток и некои други делови на Азија. Во текот на целата година – барем така пишува византискиот историчар Прокопије Кесариски, Сонцето светело како Месечината. Во летото 536 година температурите се спуштиле на 1,5-2,5 степени.“

Тоа е година кога започнал најстудениот период во историјата на Земјата за последните 2 300 години.

Тоа лето во Кина паднал снег кој ги уништил посевите. Во ирските летописи се зборува за глад која траела од 1526 до 1539 година.

Потоа, во 541 година во римскиот пристанишен град Пелузија, во Египет, избила чума.

Се ширела со голема брзина и уништила половина од населението на Византија.

Историчарите одамна утврдиле дека средината на шестиот век била мрачен период за човештвото, но не можеле да утврдат зошто „тешки облаци“ цела година и пол го покривале Сонцето.

Група научници, предводени од Меккормак и глациологот Пол Маевски (од Институтот за климатски промени во рамки на американскиот универзитет Мен), извршиле прецизни анализи на мразот од еден швајцарски глечер и го нашле виновникот.

Утврдиле дека на почетокот од 536 година дошло до моќна ерупција на вулкан на Исланд и дека пепелта која била исфрлана цела година, ја прекрила земјината северна полутопка. Во 540 и 547 година следеле уште две ерупции.

Кон сето тоа, се надоврзала и чумата. Таа, заедно со „вулканската зима“ предизвикале економска деградација на Европа која траела до 640 година.

Научниците всушност утврдиле деа на секое исклучително студено лето, во последните 2 300 години му претходела ерупција на вулкан.