Во езерото Мид кај Лас Вегас, чие ниво се намалува поради сушата, пронајдени се уште човечки остатоци откако на 1 мај беше откриено едно тело во буре.
Најновите остатоци од тело биле пронајдени во саботата, а полицијата предупреди дека најверојатно ќе бидат пронајдени уште тела откако езерото ќе се повлече, јавува Би-Би-Си. Телото го откриле две сестри кои веслале на даска.
Најголемата американска акумулација, езерото Мид, снабдува со вода за пиење 20 милиони луѓе од Лас Вегас до Лос Анџелес. Неговото ниво опаѓа од 2000 година, бидејќи сушите се интензивираат во последните години, а научниците велат дека климатските промени ја влошуваат ситуацијата.
Инспекторите соопштија дека телото пронајдено на 1 мај му припаѓало на лице кое починало во 1970-тите или 1980-тите години.