Кога Џина Номели првпат го запознала Вил Левенс, тој буричкал по контејнери. Кога го прашала зошто е на улица, тој ја споделил својата тажна приказна со неа.
„Рече дека неговата сопруга ненадејно починала, и од тага еднаш пробал хероин – и станал зависник. Последиците од тоа беа губење на работата и домот“, раскажува Џина.
Тогаш Џина и Вил станале пријатели. Тие разговарале често, споделувајќи приказни и совети.
Џина навистина сакаше Вил да почне да напредува,
Како знак на добрина, таа му даде јакна и чизми, како и 7 долари – сакаше барем малку да му помогне. Но, нејзиното мало дело го смени целиот живот на Вил.
Кога таа му ги дала парите, го замолила да не ги троши на дрога. Но, еден ден тој едноставно исчезнал.
„Со текот на годините, се прашував што се случило со него. Се прашував дали е сè уште жив“, вели Џина.
Но, еден ден, по неколку години, Џина доби одговор на нејзините прашања во врска со Вил.
Џина била на бензинска пумпа, тргнала кон тоалетот, а кога излегла, во продавницата ја чекал Вил Левенс.
„Стоеше со солзи во очите и ме праша дали се сеќавам на него“, раскажува таа. Се разбира, таа се сетила на него. Воедно, била многу импресионирана од неговата промена.
„Вил го одржа ветувањето. Тој имаше лична карта, работа, а подоцна и сопруга. Воедно, добил благодат од нашиот небесен Татко. И двајцата плачевме среде продавницата пред да побараме од продавачот да не слика“, раскажува Џина.
Ова е навистина прекрасен пример за моќта на добрината. Без разлика колкаво е доброто дело, ние никогаш не смееме да ја потцениме неговата моќ.