Експретседателот на Република Македонија и бивш лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски, деновиве беше домаќин на поранешните претседатели на земјите од Балкан во Охрид.

Заедно со гостите, Црвенковски можеше да се види низ охридската чаршија, во кафетериите и покрај брегот на Охридското Езеро.

Градоначалникот на Охрид Константин Георгиевски во чест на Црвенкоски и неговите гости, организирал свечен ручек, каде неизоставно било и фотографирање со експретседателот Црвенкоски, објави Охридскај.

Како што може да се види од фотографијата, Црвенковски веќе не носи брада.

Тој е роден на 12 октомври 1962 во Сараево, во Босна и Херцеговина. Во текот на својата политичка кариера беше премиер на Македонија од 1992 до 1998 и од 2002 до 2004 година, како и претседател на Македонија од 2004 до 2009 година.