Литванија има намера да изгради ѕид долж границата со Белорусија како бариера против протокот на мигранти, изјави премиерката Ингрида Шимоните на денешната прес-конференција.
-Почнуваме да градиме дополнителна физичка бариера што ќе ги оддели Литванија и Белорусија, и ова ќе стане јасен знак и одреден фактор на задржување за оние што го организираат протокот на илегални мигранти, рече таа.
Британските медиуми наведуваат дека премиерката на пресот истакна дека земјата ќе ги вклучи и армиските сили во граничните патроли.
Вилнус неодамна информираше за зголемување на бројот на илегални мигранти приведени на границата со Белорусија, откако од 1 јуни биле регистрирани повеќе од 1.000 илегални мигранти.
Белорускиот претседател, Александар Лукашенко, од своја страна, се закани дека Минск повеќе нема да ги спречува оние кои сакаат илегално да емигрираат во земјите на ЕУ, бидејќи земјата нема „ниту пари, ниту сила“ заради санкциите на Западот.
Литванија шак ја обвини Белорусија дека превезува со мигранти од странство за да ги испрати до Европската унија и рече дека ќе изгради бариера на границата и ќе распореди војници за да ги спречи илегалното преминување на нејзината територија.
Белорусија одлучи да им дозволи на мигрантите да преминат во членката на Европската унија, Литванија, како одговор на санкциите на ЕУ воведени откако Минск приземји лет на „Рајанер“ и уапси блогер дисидент на авионот.
Стотици ја преминаа границата во последните неколку дена.