Бројни позитивни, но и негативни реакции и закани имаше деновиве до градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска и до директорката на ЈП Комунална хигиена за потегот да бидат отпуштени 33 тн. рамковни вработени кои не доаѓаат на работа или ништо не работат, а земаат плата.

И за овој случај реакциите се „етнички обоени“, макар што има и исклучоци кога на работите се гледа објективно, како што е на скопјанецот Умејр Муамеди:

– Од Комунална хигиена Скопје се отпуштени од работа неработници, а не Албанци. Не е во ред некој на 40 степени да собира ѓубре, а некој без да се појави на работа и да земе плата. Храбра и праведна одлука на директорката, објави Муамеди на Фејсбук.

Објавата на Муамеди наиде на бројни коментари, најмногу позитивни, на неговиот објективен поглед на реалноста.