Реакции за партиските вработувања и полнењето на државната администрација има не само кај Македонците, туку и кај Албанците.

– Охридскиот рамковен договор треба да се укине. Наместо најдобрите Албанци во државна администрација се вработија партиските Албанци, коментира на Фејсбук Умејр Муамеди, правник од Скопје.

Ова е уште еден доказ дека од декларативното „едно општество за сите“ и фактичкото партиско вработување им е смачено на сите граѓани на Република Македонија.