Денеска Владата го разреши државниот правобранител, Фехми Стафа, а според објаснувањето од Правобранителството, тоа било сторено на негово барање поради лични причини.
Јас, државен правобранител, Фехми Стафа поднесувам неотповиклива оставка од лични причини. Барам да се прифати мојата оставка на наредната владина седница – стои во оставката од Стафа.
Сепак, неговото име се јавува во два случаи. Првиот се однесува на исплата на хонорари за презентерката Бесмира Ејупи, која беше и кандидат за конзулка на Македонија во странство, а вториот се однесува на скандалот за имотот на бизнисменот Сеад Кочан.
Во случајот со имотот на Кочан, Стафа за неуспехот да се конфискува имотот на Кочан во вредност од 17 милиои евра по осудителната пресуда против бизнисменот, ги обвини обвинителите Артан Ајро и Гаврил Бубевски поднесувајќи им кривична пријава. Кривична пријава за истиот случај му поднел и сега веќе екс директорот на Финансиската полиција, Муареми.
Наспроти тоа, Муареми, кој се повлече по суспензијата на Рускоска, преку финансиската полиција покренал повеќе постапки за Стафа, меѓу кои и за вработување на несудената конзулка Бесмира Ејупи, а Ајро и Бубевски, како и Муареми за имотот на Кочан виновно го сметаат Државното правобранителство, односно Стафа при што наводно, земјиште со куќа, која била во сопственост на братучед на Кочан, било продадено, а новиот сопственик му го подарил имотот на државниот правобранител.
Во ова море од разрешувања и суспнеиззизи, за јавноста, сепак, и натаму останува кој што сторил и кој е виновен, а кој не во овие пресметки.