Aрафат Мауреми од Финансиската полиција поднесе кривични пријави против шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска, како и обвинителките Ивана Трајчева и Елизабета Јосифовска. Кривичната пријава е поднесена во скопското обвинителство, но засега детали нема.

Обвинителките не ја коментираат кривичната пријава против нив. Во Финансиската полиција имаше претрес на 18 јули, по анонимни пријави од граѓани. Директорот на Финансиската полиција Арафат Муареми тогаш изјави дека претресот бил незаконски, по што ја пријави Русковска кај државниот обвинител Љубомир Јовески. Русковска се пожали на притисоци, и ја повика амбасадата на САД, ЕУ, и европската обвинителка Лаура Ковеси да реагираа, но не доби потврден одговор од нив, туку тие рекоа дека овој проблем треба да го решат надлежните институции.