Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски го прекина договорот на Бесиан Ахмети кој е внук на контроверзниот лидер на ДУИ, Али Ахмети. Бесиан досега ја извршуваше функцијата прв секретар во македонската амбасада во Брисел. Муцунски немилосрдно, една година пред предвиденото го прекина неговиот договор и го враќа во Скопје. Ваквата одлука следува по откривањето на негова вмешаност во злоупотребата на концесија на рудник кај Кичево.
Внукот на Али Ахмети, Бесиан Ахмети досега е познат на македонската јавност. Тој е внук на Али Ахмети, а брат на „познатиот“ Дрин Ахмети којшто на само 23 години имаше милионски капитал и стана сопственик на ТЦ „Соравија“.
Бесиан Ахмети заедно со брат му Дрин Ахмети се сомничи за злоупотреба на концесија на рудник кај Кичево. Предизвикале штета од 1,6 милион денари, а тој се соочува со правни последици со уште седум други лица кои претежно работеле во министерството во економија. Тие не ги плаќале обврските од фирмата и постапиле спротивно на Законите за минерални суровини и концесија.
Контровезии на Бесиан Ахмети при стапувањето на функција
Тогаш опозициската, а сега владејачка ВМРО-ДПМНЕ уште од стапувањето на функција го „чешла“ потрфолиото на Бесиан Ахмети и укжаува за многу нелогичности при доделување на истото.
Бесиан Ахмети незаконски станал дипломат во Брисел. Одеднаш рипнал три скалила и со само 10 месеци стаж стапил на оваа функција се добива со многу труд. Во продолжение пренесуваме кога пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки ги соопшти контроверзиите при неговото вработување.
Бесиан Ахмети на 16.05.2022 година е вработен во Министерството за економија, на работна позиција Помлад соработник за мониторинг и следење на договорите за концесија за минерали, за 10 месеци подоцна на 16.03.2023 година да биде именуван за Прв секретар во амбасадата во Брисел.
Бесиам Ахмети е преземен по пат на интерен оглас, на кој се пријавил, и работното место од економија го заменил со тоа во МНР.
Иако упатувањето во ДКП на Македонија во странство се врши врз основа на спогодба меѓу МНР и соодветната институција, сепак Дипломатското звање го дава МНР, согласно член 78 во врска со чл 95 од Законот за надворешни работи, во случајов на помлад соработник одговара дипломатското звање “Аташе”, додека на советник и раководител на одделение одговара дипломатското звање “Прв секретар”.
ДКСК има основа за постапување за утврдување на партиско влијание и непотизам, како и за незаконско постапување од МНР Бујар Османи во именувањето на Бесиан Ахмети за Прв секретар во ДКП во Брисел по само 10 месеци поминат стаж во Економија како помлад соработник, на што одговара дипломатското звање “Аташе”, односно за унапредување 3 скалила одеднаш.
Како Османи го назначил младиот Ахмети за Прв секретар на амбасадата во Брисел без истиот да ги исполнува потребните услови?
Бесиан Ахмети е вратен назад една година пред да му истече мандатот.
Бесиан Ахмети е вработен во Министерството за економија и труд со решение на МНР од 26 април 2023 година кога е упатен на работа во абасадата на Македонија во Белгија. Една година пред да му истече неговиот мандат во Брисел тој е вратен назад од страна на министерот Муцунски.
Решението е донесено вчера, а мандатот наместо до мај 2025, е до август оваа година.
Бесиан Ахмети има право на жалба во рок од осум дена.