Скопскиот портал Курир пишува дека според негови информации, актуелниот пратеник Тимчо Муцунски ќе биде кандидат на ВМРО ДПМНЕ за градоначалник во скопската општина Аеродром на претстојните локални избори.
Кандидатурата на Муцунски, кој е и секретар за меѓународна соработка на партијата, доаѓа како изненадување, истакнува порталот, со оглед на тоа што досега во јавноста се споменуваа други имиња.
Тој за главен ривал во Аеродром ќе го има Александар Филиповски, дипломиран економист и поранешен пратеник, како кандидат на СДСМ. Левица, пак, најави дека во Аеродром ќе оди со Весна Кираџиева, дипломиран криминалист и атлетски репрезентативец.
32-годишниот Муцунски е доцент по римско право на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ во Скопје.