По завршувањето на официјалниот дел од НАТО самитот во Хаг, синоќа, на покана на Atlantic Council, министерот Тимчо Муцунски учествува на настан посветен на анализата на клучните одлуки донесени на самитот.

-Одлуките што ги носиме денес ја обликуваат иднината утре. Мирот не се одржува по случајност, туку преку подготовка, единство и заедничка посветеност на справување со предизвиците, објави министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.

Фокусот беше ставен на разговорите меѓу сојузниците за рамноправна распределба на одговорностите, потребата од зголемување на индустриското производство во одбраната, како и на развојот на дигитални иновации за јакнење на одбранбените капацитети на Алијансата.