Актуелните геополитички предизвици, билатералната соработка, посветеноста на Владата на реформскиот процес, интеграцијата на државата во Европската унија, како и соработката и поддршката во рамки на овој процес беа во фокусот на бројните средби што се одржаа на маргините на Конгресот на Европската народна партија, објави Тимчо Муцунски, министер за надворешниработи и ндворешна трговија и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.
„Во Валенсија, каде што се одржува овој значаен настан, остваривме средби со канцеларот на Австрија Кристијан Стокер, министерката за Европа на Кралството Шведска Џесика Розенкранц, претседателот на Српската напредна странка Милош Вучевиќ, како и со членовите на Европскиот парламент Софија Кирчер, Матеј Тонин и Карло Реслер“, потенцира Муцунски.
Конгресот на Европската народна партија претставува клучен момент на единство за организацијата – време кога раководството на ЕПП ја трасира насоката за претстојниот период, со јасна визија за иднината на Европа и заедничко справување со предизвиците кои претстојат, додаде во објавата Муцунски.