Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на фејсубук објави дека во рамки на еднодневната работна посета на Полска, денеска го посетил Меморијалниот музеј „Треблинка“, посветен на сеќавањето на жртвите на нацистичкиот логор на смртта, сведочи за страдањата на стотици илјади невини луѓе, меѓу кои и македонските Евреи.

– Оддадов почит, оставив порака во книгата на жалост и се поклонив пред споменикот посветен на македонските Евреи кои ги загубиле животите. Во пресрет на изградбата на новиот музеј, каде ќе бидат запишани имињата на загинатите македонски Евреи, заеднички се согласивме дека ќе обезбедиме сета потребна институционална поддршка, што ќе придонесе за продлабочување на соработката и реализација на оваа значајна иницијатива. Истакнав дека судбината на загинатите во Холокаустот е траен потсетник за последиците од омразата и нетолеранцијата. Должни сме да го чуваме споменот на сите жртви и нивните страдања. Тоа им го должиме на оние што ги загубија животите, на преживеаните и на идните генерации, наведува во објавата министерот Муцунски.